danela

12.07.2025 Скопје

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска која заедно со вработени во Град Скопје вчера на пладне беа на увид на дивоградба во Чаир, биле физички нападнати и завршија во Ургентниот центар „8-ми Септември“. Градоначалничката побарала лекарска помош по инцидентот на улица „Кумбара“, случајот го пријавил сведок.

Од МВР потврдија дека скопската градоначалничка била нападната додека извршувала службени обврски на територија на Општина Чаир, а дека инцидентот го пријавило лицето со иницијали А.Ј., а не самата Арсовска.

Не се познати причините зошто Арсовска била нападната, но инцидентот следува откако изминативе недели градоначалничката јавно говореше дека добива закани поради најавите за кривични пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Пред да се случи инцидентот во Чаир, Арсовска преку нејзиниот Фејсбук профил обвини дека Министерството за внатрешни работи одбило да ги прими пријавите за физички напад врз советничката во Град Скопје, Ирена Витина што се случи пред три дена. Во објавата, Арсовска вели дека нападот бил од полициски службеник кој, како што тврди таа, бил фател при „незаконско приклучување на водоводната мрежа“ на ЈП „Водовод и канализација“.

Според тврдењата на градоначалничката, засега ниту една институција не изразила осуда за инцидентот, но од МВР тврдат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема мерки за расчистување на случајот.

Подготвено од М.Д.

About Author