rute merc

09.07.2025 Скопје

Германија денес прославува значаен јубилеј – 70 години од приемот во НАТО, што се случи во мај 1955 година. По овој повод, во Берлин се организира свечена манифестација.

На чествувањето ќе биде присутен новоименуваниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте.

Германија ќе биде застапена од канцеларот Фридрих Мерц, министерот за одбрана Борис Писториус и министерот за надворешни работи Јохан Вадефул.

Со приклучувањето на 6 мај 1955 година, тогашната Федерална Република Германија стана 15-та земја членка на Алијансата. Денес, НАТО има вкупно 32 земји членки, меѓу кои и Република Северна Македонија.

Последна земја која се приклучи на Алијансата е Шведска, која стана членка минатата година.

Подготвено од М.Д.

About Author