vestacka-inteligencija-predizvik-ili-opasnost-featured

17.07.2025 Скопје

Германската влада подготвува нова стратегија чија цел е до крајот на оваа деценија 10 проценти од економското производство на земјата да се базира на вештачка интелигенција, според нацрт-документ .

„Со офанзивата во областа на вештачката интелигенција, сакаме да генерираме 10 проценти од БДП до 2030 година и да ја претвориме во клучна алатка во централните области на истражување“, се вели во нацрт-стратегијата што германската влада треба да ја усвои до крајот на јули.

Германија сака да го намали јазот со САД и Кина во клучните технологии, вклучувајќи ја вештачката интелигенција.

Подготвено од М.Д.

About Author