MERC STARMER

18.07.2025 Скопје

Британскиот премиер Кир Стармер го пречека германскиот канцелар Фридрих Мерц во Лондон, со кого ќе го потпише најважниот билатерален договор меѓу Обединетото Кралство и Германија од крајот на Втората светска војна.

Војната во Украина и сè понеизвесната улога на Соединетите Американски Држави под претседателот Доналд Трамп ги поттикнаа Лондон и Берлин да го продлабочат својот одбранбен сојуз.

Двајцата лидери сакаат да обезбедат Европа да има свое воено водство, особено во време кога САД се повлекуваат од континентот, а на Украина итно ѝ е потребна нова помош од Западот.

Подготвено од М.Д.

About Author