08.07.2025 Скопје
Европскиот парламент вечерва во Стразбур ќе дискутира за гласањето недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, според програмата на претстојната сесија на европратениците.
Гласањето го предложи Георге Пипереа, европратеник од романската крајно десничарска партија Алијанса за единство на Романците (АУР), со поддршка од над една десетина од европратениците. Гласањето е закажано за четврток и ќе биде јавно.
Пипереа го предложи гласањето поради таканаречениот „Фајзергејт“, поврзан со текстуалните пораки разменети меѓу Фон дер Лајен и раководителот на компанија што произведува вакцини против Ковид за снабдување со над еден милион дози вакцина за земјите од ЕУ. Фон дер Лајен не овозможи пристап до пораките, што доведе до одлука на Судот на правдата на ЕУ со која се бара содржината на преписката да биде јавно достапна.
Очекувањата во пресрет на гласањето оваа недела се дека комисијата на Фон дер Лајен ќе добие доволно поддршка за да продолжи со работа.
Подготвено од М.Д.