Young,Woman,Lying,On,Long,Table,Of,Medical,Equipment,Before

21.07.2025 Скопје

Маж, 61-годишен, почина откако бил вовлечен во апарат за магнетна резонанца (МРИ) во медицинскиот центар „Насау опен МРИ“ (Nassau Open MRI) во Њујорк, поради синџирот од тежок метал којшто го носел на себе.

Апаратите за магнетна резонанца користат силни магнети за да ги произведат потребните слики за здравствено-медицински потреби. Човекот, за жал, влегол во МРИ-собата додека апаратот за магнетна резонанца работел во тој миг, соопшти полицијата на Округот Насау. Пациентка во установата, којашто инаку се наоѓа на Лонг Ајленд, за тамошните медиуми изјави дека нејзиниот сопруг е оној што починал. Таа го повикала во собата откако имала скенирање во средата.

Службениците велат дека по немилиот настан, мажот бил однесен во болница, каде што во четвртокот починал.

„Машката жртва носела голем метален синџир околу вратот, што предизвикало да биде вовлечен во машината, што резултирало со медицински инцидент“, соопшти Полициската управа на Округот Насау, којашто го истражува несреќниот случај.

Од пациентите обично се бара да ги остават металните предмети и да се пресоблечат, пред да се подложат на МРИ-скенирања или да му се приближат на апаратот.

Подготвено од М.Д.

About Author