20250715103638

16.07.2025 Скопје

Ангел Џамбаски, бугарскиот националист познат по своите антимакедонски ставови, ја насочи својата националистичка реторика кон европратеничка од Словенија, Ирена Јовева, која има македонско потекло а која неодамна пред европратениците жестоко застана во одбрана на македонскиот идентитет и јазик.

„Оваа дама е една од најзлобните, најбесните бугарски хејтери во Европскиот Парламент. Нејзиниот татко е Бугарин од Босилеград, за кого вели дека е „Бугарин роден во Србија“, а нејзината мајка е „Македонка“ родена во Скопјe.

Јовева постојано покажува и изразува бес и вистинска омраза кон Бугарија, го негира постоењето на македонските Бугари, ја негира бугарската историја и наследство во денешна РС Македонија.

Токму ова е резултат на бруталната асимилација и геноцид врз Бугарите во окупираните западни бугарски периферии и во РС Македонија од страна на српско-комунистичките сатрапи и предавничката политика на бугарските влади од 9 септември 1944 година до денес.

Без исклучоци и без изговори“, напиша Џамбаски.

Подготвено од М.Д.

About Author