ooo

31.07.2025 Скопје

Европската комисија денес објави дека 18 држави имаат доставено барања за заеми во вредност од 127 милијарди евра, преку механизам креиран за унапредување на одбранбените способности на континентот.

Програмата, именувана како SAFE, е во срцето на стратегијата на европската администрација за побрзо заедничко набавување на оружје, како одговор на наводната руска опасност.

Креирана со цел да ја намали европската поткрепеност на САД, програмата им овозможува на земјите членки да добијат заеми под повластени услови. Според европскиот комесар за одбрана, Андријус Кубилиус, “18 земји поднеле барање за овие кредити, во вкупна вредност од над 127 милијарди евра.”

Франција, Шпанија, Италија и Полска се меѓу државите кои се стремат кон добивање на овие финансии.

SAFE е дел од поширока програма што Европската комисија ја презентираше кон крајот на март, со цел активирање на до 800 милијарди евра за дополнително вооруживање на европскиот континент.

Подготвено од М.Д.

About Author