logistics-transportation-container-cargo-ship-cargo-plane-with-working-crane-bridge-shipyard-sunrise-logistic-import-export-transport-industry-background-ai-generative-1-e1705302490389

31.07.2025 Скопје

Во првата половина од 2025 година, Црна Гора оствари трговска размена од 2,36 милијарди евра, со значително зголемување на увозот и намалување на извозот. Покриеноста на увозот со извоз падна на само 13,6%, а најголеми трговски партнери остануваат Србија, Кина и Германија.

Вкупната надворешна трговија на Црна Гора во периодот јануари-јуни 2025 година изнесуваше 2,36 милијарди евра, според прелиминарните податоци на Управата за статистика, Монстат. Во споредба со истиот период од претходната година, вкупната размена регистрираше раст од 5,8%.

Меѓутоа, додека увозот на стоки порасна за 7% и достигна 2,08 милијарди евра, извозот се намали за 2,2%, на само 282,3 милиони евра. Како резултат на тоа, покриеноста на увозот со извоз дополнително ослабе, од минатогодишните 14,9% на само 13,6%.

Најголемиот увоз се однесува на  машината и транспортната опрема со вредност од 522,4 милиони евра, од кои патничките возила учествуваат со 212,8 милиони евра. По нив следуваат хемиските производи (251,4 милиони), храната и живите животни (388,6 милиони) и разни готови производи (290,8 милиони евра).

Структурата на извозот покажува дека електричната енергија е сè уште најважниот извозен производ, со вредност од 64,3 милиони евра, во рамките на пошироката категорија минерални горива и мазива (77,8 милиони евра).

Најголем надворешно-трговски партнер на Црна Гора останува Србија, со вкупна трговија од над 432 милиони евра, од кои 356 милиони се однесуваат на увоз, а 76,4 милиони на извоз. Европа учествува со дури 79% во вкупниот увоз и 92,8% во извозот.

Подготвено од М.Д.

About Author