EU-misija-vo-Skopje-2-bg

24.07.2025 Скопје

Стопанската комора подготви стратегија за развој на микро малите и средни претпријатија од приватниот сектор. Планот на ова бизнис здружение е да се стави акценот на овие компании во периодот од 2025 до 2030 година. Стратегијата според стопанствениците е во фаза на операционализација и има цел да развие рамка на политики во согласност со стратешките приоритети на ЕУ што подразбира. Според документот стратешки области се: Конкурентен национален претприемнички екосистем, Пристап до финансии и Зелена и дигитална транзиција.

Оваа стратегија е финансирана од Европаката унија за развој на малите и средни претпријатија, при што на домашните компании на распоолагање ќе им бидат над 70 милиони евра пари за европеизација на македонското стопанство. Со цел одржлив раст и развој на овој тип на компании формирана е и работна група на највисоко ниво, во која членуваат владини претставници, луѓе од бизнисот но и членови од странство. Оваа група функционира речиси една година и речиси е готов нивниот акциски план, и се очекува во периодов од десетина дена тој план да биде усвоен од страна на владата.

Од Стопанската комора велат дека преку стратегијата треба да се воспостави ефикасен механизам за следење и за евалуација на имплементацијата на Стратегијата за микро мали и средни компании, но и да се обезбеди градење на капацитетот на јавната администрација, на микро, на малите и на средните претпријатија, на деловните асоцијации, на невладините организации и на други институции и тела за подобро искористување на фондовите на ЕУ. Во однос на Акцискиот план за спроведување тој опфаќа три стратешки области:

„Конкурентен национален претприемачки екосистем со фокус да се создаде отпорно, иновативно и инклузивно деловно окружување (претприемачки екосистем) во кое се поттикнуваат развојот на иновации и конкурентноста на ММСП. Пристап до финансии чија општа цел е обезбедување правичен и поедноставен пристап на ММСП до различни, до одржливи и до иновативни решенија за финансирање, овозможувајќи им да инвестираат во раст, во иновации и конкурентност, истовремено поттикнувајќи ја отпорноста на динамични пазари. Зелена и дигитална транзиција што подразбира да се поддржат ММСП во усвојување одржливи практики и интегрирање напредни дигитални технологии, овозможувајќи им подобрување на конкурентноста, намалување на негативното влијание врз животната средина и усогласување со глобалните трендови за позелена и за поиновативна економија“, велат од Стопанската комора.

Стопанствениците велат дека во Стратегијата воочено е дека овие компании се соочуваат со бројни оперативни предизвици како што се институционални ограничувања кои вклучуваат ограничен институционален капацитет, недостиг на квалификувана работна сила во одредени сектори и ограничена финансиска поддршка поради ограничувањата на централниот буџет. Потоа, мора да се поработи на бирократски и регулаторни бариери, кои се изразуваат преку сложените процедури, регулативата и административните бариери, заедно со високото ниво на корупција како што е забележано во Извештајот на ЕУ за 2023 година. Постојат и предизвици поврзани со пазарот кои подразбираат тешкотии со трансфер на технологија, иновации и дигитализација. Има и недостатоци во знаењето и во поддршката, односно постои потреба од зголемена поддршка во истражување на пазарот, во менторство и во бизнис-инкубација за да им се помогне на малите и на средните претпријатија да растат.

Инаку, митро малите и средни компании претставуваат мнозинство во економијата на РС Македонија или 95 % од вкупно активните претпријатија. Секој втор вработен или околу 55 % од вкупниот број вработени работат во оваа група на деловни субјекти, што го прави овој сегмент од витално значење за создавање работни места.

Подготвено од М.Д.

About Author