
17.06.2025 Скопје
Жителите на Техеран го напуштаат главниот град по ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, а медиумите пренесуваат дека има големи гужви на излезните патишта.
Редиците на бензинските пумпи во понеделникот беа долги километри, додека другите улици беа морничаво тивки, иако градот има повеќе од 15 милиони жители.
Во саботата, министерот за одбрана Израел Кац издаде остро предупредување до Иран и врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи дека „Техеран ќе изгори“ доколку продолжат иранските ракетни напади врз израелските цивилни области. Меѓутоа, подоцна ја ублажи реториката.
Меѓутоа, многу Теранци ги спакуваа само најосновните потреби и побегнаа на истокот на земјата, област која сè уште се смета за релативно безбедна.
Западот на земјата, каде што се наоѓаат многу воени објекти, претрпе бројни напади. Северните области на Каспиското Езеро, инаку популарна дестинација за одмор, сега се засолниште за многумина.
Патувањето дотаму обично трае нешто околу четири часа, но овој пат на оние кои бегаат натаму им треба повеќе од еден ден по пренатрупани патишта што водат надвор од главниот град.
„Сега кога стигнавме, не е подобро. Продавниците се преполни со луѓе и има недостиг од храна“, изјави тој. Цените на сместувањето во такви области вртоглаво се зголемија од почетокот на непријателствата, вели Задшад, 35-годишен учител, кој е еден од оние кои побегнале со семејството во Рашт, град во близина на морето.
Тој се плаши од долга војна, со сите тешкотии што ги носи.
За високите трошоци за пронаоѓање безбедност говори и друго семејство кое со својот син оди кон Турција.
„Позајмив 5.000 евра од пријател за да отпатуваме во Истанбул за да ја видиме ќерката, надевајќи се дека ситуацијата малку ќе се смири“, вели таткото, 60-годишен медиумски работник.
„Во моментов чекаме патиштата да бидат малку попразни и размислуваме за најдобриот граничен премин за влез во Турција“, рече тој.
Не секој може да ја напушти земјата. Еден жител на Техеран по совет на неговиот брат од Соединетите држави сакал да вози до Азербејџан, тргнувајќи во неделата со својата 82-годишна мајка.
„Но, поради густиот сообраќај, недостигот на гас и лошата здравствена состојба на мајка ми, моравме да се вратиме назад. Сега чекаме подобри услови за да се обидеме повторно“, вели тој.
Подготвено од М.Д.