
17.06.2025 Скопје
Европската Унија има за цел да соработува со Соединетите Американски Држави за да спречи нагло зголемување на цените на енергијата предизвикано од конфликтот меѓу Израел и Иран.
Зборувајќи пред официјалниот ден на отворање на самитот на Групата седум (Г7) водечките индустријализирани демократии во Канада, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека разговарала за ова прашање со американскиот претседател Доналд Трамп и дека тие се подготвени да се координираат со партнерите за да се обезбеди стабилност на пазарот.
Таа рече дека ЕУ е внимателна во врска со влијанието на конфликтот врз меѓународните енергетски пазари и не прецизираше какви мерки се разгледуваат за справување со големите флуктуации на цените.
Подготвено од М.Д.