https://www.facebook.com/photo.php?fbid=698360344992355&set=pb.100044551864456.-2207520000.&type=3

17.06.2025 Скопје

„Наскоро ќе имаме одбранбен капацитет што никој нема да се осмели да го оспори“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, испраќајќи порака до Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во последниве денови, сè повеќе аналитичари и експерти сугерираат дека Турција би можела да биде следната цел на Израел, доколку Тел Авив успешно ја заврши војната со Иран.

Во центарот на најновите случувања, Ердоган откри дека Анкара „изготвува планови за производство за да ги доведе своите залихи од ракети со краток и долг дострел до нивоа на одвраќање“.

Турскиот претседател оцени дека со секој чин на угнетување, со секоја пролеана капка крв, со секое злосторство против човештвото, Израел „постепено го загрозува сопственото постоење и иднина“.

„Израел, кој ја уништи Газа и го малтретира регионот, можеби предоцна ќе ја сфати својата грешка. Секој чекор преземен во нашиот регион без да се земе предвид реалноста, води кон понатамошни катастрофи, а овие катастрофи обично резултираат со пад на тираните“, предупреди Ердоган.

Тој заклучи дека Турција од самиот почеток се залагала разговорите за иранската нуклеарна програма да се водат на преговарачка маса и дека сè уште го задржува истиот став денес.

Подготвено од М.Д.

About Author