
04.06.2025 Скопје
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе партиципира на НАТО самитот во Хаг кон крајот на овој месец, објави денес секретарката за печат на Белата куќа, Керолин Ливит.
Во обраќање пред медиумите во Белата куќа, таа изјави дека администрацијата не била информирана за планот на Украина да започне обемен напад со беспилотни летала врз руски воени бази за време на викендот.
Ливит исто така напомена дека Белата куќа е свесна за информациите дека израелските сили отвориле оган врз палестински цивили близу камиони кои доставувале храна и хуманитарна помош во јужниот дел на Газа. “Белата куќа е запознаена со извештаите дека израелската војска пукала врз палестински цивили во близина на камиони за дистрибуција на храна и хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа.”
Подготвено од М.Д.