
03.06.2025 Скопје
Сонцето почна да ги уништува сателитите „Старлинк“ на Елон Маск, што предизвика тревога кај научниците.
Како што Сонцето го достигна својот сончев максимум, врвот на својот 11-годишен циклус, сме сведоци на значително поголеми активности на ова небесно тело.
Зголемената активност на Сонцето и неговите сончеви ерупции предизвикаа геомагнетни бури на Земјата, што резултираше со феноменот на аурора бореалис (Аурора Бореалис и Аустралис).
Ова е особено турбулентна фаза на магнетна активност, при што секоја сончева бура носи потенцијал за одредени нарушувања. Се чини дека најновата „цел“ на Сонцето се токму сателитите на Маск.
Сончевите бури ја загреваат атмосферата на Земјата, што предизвикува ширење на планетата, а тоа резултира со зголемено оптоварување на сателитите што орбитираат околу нас.
Во разговор, Дени Оливеира од Центарот на НАСА рече:
„Откривме дека кога имаме геомагнетни бури, сателитите повторно влегуваат во атмосферата побрзо од очекуваното“.
Оливеира и неговиот тим анализирале колку големо влијание имало ова врз Starlink, а нивното истражување открило дека за време на сончевиот максимум, животниот век на сателитот може да се намали до 10 дена.
Оливеира продолжил велејќи:
„Ова е прв пат во историјата толку многу сателити повторно да влезат во атмосферата. За неколку години, тоа ќе се случува секој ден.“
Имено, ова се однесува на сателитите што се враќаат во нашата атмосфера додека соѕвездието се надополнува со нови сателити.
Иако овие сончеви бури имаат лош ефект врз сателитите на SpaceX, од друга страна, тие би можеле да имаат позитивни ефекти за компанијата, охрабрувајќи ја што е можно поскоро да ги отстрани „мртвите“ сателити од орбитата за да избегне тие да претставуваат опасност за другите сателити.
Подготвено од М.Д.