SVAJCARIJA

19.06.2025 Скопје

Според извештајот на швајцарската банка UBS, Швајцарија е водечка држава во светот кога станува збор за богатство по глава на жител. Просечното богатство по глава на жител во оваа земја е 690.000 долари.

Соединетите Американски Држави(САД) се на второ место, со богатство по глава на жител од 620.000 долари (1,05 милиони КМ), а првите 10 земји во овој поглед се Хонг Конг, Австралија, Данска, Сингапур, Холандија, Норвешка, Белгија и Обединетото Кралство. По нив следат Шведска, Франција, Израел, Германија, Австрија, Шпанија, Италија и Јапонија.

Супербогатите значително го зголемуваат овој просек. Доколку се исклучат, тогаш просекот во Швајцарија би бил 180.000 долари. Она што исто така придонесе Швајцарија да биде рангирана на првото место е зголемениот број богати странци кои се доселуваат да живеат во земјата. Значи, во последната година, бројот на богати Американци кои аплицирале да живеат во Швајцарија се зголемил за 200 проценти.

Подготвено од М.Д.

About Author