NJUJORK

18.06.2025 Скопје

Њујорк повторно е прогласен за најбогат град во светот, според најновиот извештај на „Хенли и партнерс“ за 2025 година. Ова само го потврдува неговиот статус на светска финансиска престолнина.

Дури 11 американски метрополи се меѓу 50-те најбогати. На второ место е Сан Франциско и околината (Заливска област), по што следат Лос Анџелес (5-то место), Чикаго (10-то место), како и Хјустон, Далас и Мајами, кои исто така се меѓу првите 50.

Покрај добро познатите светски финансиски центри како што се Токио, Лондон и Сингапур, се издвојуваат и градови со брзорастечка милионерска популација. Шенжен и Дубаи имаат нагло зголемување на бројот на богати граѓани, што се припишува на развојот на технолошкиот сектор и миграциските текови.

Подготвено од М.Д.

About Author