
12.06.2025 Скопје
Во 2024 година се родени 16 153 деца вкупно, од кои живородени се 16 061, а 92 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2024 година е намален за 4,0 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,5 %, односно на 100 живородени женски деца 106.3 се машки, соопшти Државниот завод за статистика, кој денеска ги објави дефинитивните податоци за минатата година.
Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули: 1 496.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31,8 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,7 години, а на прворотките 28,2 година.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.
Во 2024 година се регистрирани 12 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 844 или 11,5 % од вкупниот број на живородените деца.
Главни поенти
Бројот на живородените деца е намален за 4,0 % во однос на 2023 година
Структура на живородените по пол:
51,5% машки
48,5 % женски, односно на 100 живородени женски деца 106.3 се машки
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.7 години, а на прворотките 28.2 година
Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 844 или 11,5 % од вкупниот број на живородените деца.
Подготвено од М.Д.