
10.06.2025 Скопје
Додека американските универзитети ги повлекуваат понудите за дојдовни докторанти, другите земји интензивно регрутираат научници кои биле ангажирани во американските научни институции и лаборатории.
Во првите месеци од администрацијата на Доналд Трамп, имаше скок на бројот на американски кандидати кои бараат работа во Канада (+41 процент), Европа (+32 проценти), Кина (+20 проценти) и други азиски земји (+39 проценти) во споредба со истиот период во 2024 година.
Во исто време, работните места во САД добија помалку апликации од Канада (-13 проценти) и Европа (-41 процент).
Универзитетот во Франција го привлече внинамието на стручната јавност поради доделувањето милиони долари на американски научници и го затвори рокот за аплицирање откако доби огромен број апликации.
Сегашната политика на Трамп во однос на прием на странски кандидати на амаериканските универзитети е можност за Европа за привлекување на научници во своите високообразовни институции.
Сепак, аналитичарите посочуваат на потребата од промената на образовната политика во Европа и одлучна политичка волја за зголемување на буџетите за научни истражувања. Европската Унија моментално издвојува само 2,2 проценти од БДП за истражување и развој – значително помалку од конкурентите како Јужна Кореја (5,2 проценти) или САД (3,6 проценти). Без сериозни инвестиции во инфраструктура, институции и луѓе, тешко може да се зборува за вистинско преземање на водечка улога во глобалното знаење и иновации, сметаат европските аналитичари.
Подготвено од М.Д.