
06.06.2025 Скопје
Владата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД.
Барањето до балканските земји е дел од пошироката американска стратегија за пронаоѓање странски влади подготвени да примат депортирани мигранти, пишува американскиот медиум повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизира за кои други балкански земји станува збор.
Белата куќа, Стејт департментот и Министерството за надворешни работи на Србија сè уште не ги коментираа написите. Врховниот суд на САД минатиот месец ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да го поништи привремениот правен статус на стотици илјади мигранти од Венецуела, Куба, Хаити и Никарагва кои живеат во САД. Властите сега бараат потенцијални дестинации за овие мигранти кои би можеле да бидат депортирани.
Исто така, наведува дека Србија е важна за семејството Трамп поради облакодер во Белград што ќе го гради инвестициска компанија чиј ко-основач е Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател.
Подготвено од М.Д.