vens

23.06.2025 Скопје

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева на враќање кон дипломатијата по нападите на САД врз нуклеарните постројки во Иран.

Не сме во војна со Иран, туку сме во војна со нуклеарната програма на Иран, изјави тој за американска телевизија, неколку часа по нападите на САД врз нуклеарните постројки во Иран во Фордо, Исфахан и Натанц.

„Не сакаме војна со Иран. Всушност сакаме мир“, рече тој, во услови на зголемена загриженост дека интервенцијата на САД во војната на Израел со Иран би можела да предизвика поширок регионален конфликт.

Венс рече дека ако Техеран одлучи еднаш засекогаш да се откаже од својата нуклеарна програма и не возврати со напади врз американските бази во регионот, Иран би можел да има добри односи со САД.

Подготвено од М.Д.

About Author