21.06.2025 Скопје
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека сиромаштијата во таа земја паднала на рекордно ниско ниво од 7,2 проценти и дека ова е најниската стапка на сиромаштија во модерната историја на Русија.
Како што објави новинска агенција, Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави дека Руската Федерација во моментов е прва во Европа по економија, додека БДП бележи годишен раст од над четири проценти и покрај санкциите и економските притисоци.
Инфлацијата, на 16 јуни, изнесуваше 9,6 проценти, рече тој.
Зборувајќи за приоритетите, рускиот претседател ја нагласи потребата од широка употреба на дигиталната рубља, модернизација на надворешно-трговската инфраструктура преку независни решенија и укинување на застарените поделби помеѓу цивилната и воената индустрија.
Путин додаде дека нивото на платите во земјата е сè уште ниско и бара системски пристап.
На воениот фронт, претседателот рече дека Русија ќе ја опреми својата армија со модерна технологија што е докажана во пракса.
Подготвено од М.Д.