GERMANSKI PASOSH

11.06.2025 Скопје

Според информациите, во текот на 2024 година, 291.955 странски државјани се стекнале со германско државјанство, што претставува рекордна бројка од започнувањето на статистичкото следење во 2000 година.

Најголема група меѓу новите германски граѓани се Сиријците, кои заземаат 28 проценти од вкупниот број апликанти. По нив следат граѓаните на Турција (8%), Ирак (5%), Русија (4%) и Авганистан (3%).

Особено впечатлив е скокот кај руските државјани, каде е регистриран огромен пораст од 551 отсто во споредба со 2023 година, со вкупно 12.980 нови државјани.

Ова зголемување е резултат на промените во законот за државјанство од јуни 2024 година, кои го скратија потребниот период на престој од осум на пет години, овозможија двојно државјанство и воведоа поедноставена процедура за лица со извонредни академски или професионални достигнувања, кои можеа да аплицираат по само три години престој. Околу 7 проценти од новите државјани ја искористиле оваа можност.

Новата конзервативна влада, која ја презеде власта на 6 мај, најави укинување на дел од реформите, вклучително и забрзано стекнување државјанство за “добро интегрирани” странци, ограничување на спојувањето на семејства за одредени групи мигранти и проширување на списокот на “безбедни земји на потекло”. Исто така, планира зајакнување на граничната контрола и овластување на полицијата да враќа баратели на азил директно на граница.

Подготвено од М.Д.

About Author