
02.06.2025 Скопје
Шпанскиот гигант Реал Мадрид се врати на врвот – четврта година по ред е прогласен за највреден фудбалски клуб во светот.
Клубот од Мадрид е проценет на 6,75 милијарди долари, што е зголемување од два проценти во однос на минатата година. Реал оствари рекордни 1,13 милијарди долари приходи во сезоната 2023/24, станувајќи првиот фудбалски клуб во историјата што ја надмина границата од 1 милијарда долари приходи во една сезона.
„Лос Бланкос“ се приклучуваат на елитната група спортски тимови со десетцифрени годишни приходи, претходно надминати само од тимот на НФЛ Далас.
Манчестер Јунајтед се најде на второто место, а клубот од Островот е проценет на 6,6 милијарди долари. И покрај послабите резултати, клубот оствари 834 милиони долари приходи минатата сезона. Барселона го држи третото место со вредност од 5,65 милијарди долари.
Ливерпул и Манчестер Сити следат, додека Баерн Минхен се најде на шестото место, а ПСЖ на седмото.
Меѓу десетте највредни клубови во Европа се и: Арсенал, Тотенхем и Челси.
Првиот клуб под линијата на десет најдобри е Јувентус, кој е и највреден клуб во Серија „А“, Милан е на 14-то место, а овогодинешниот финалист на Лигата на шампионите – Интер, е само на 17-та позиција.
Според Форбс, вкупната вредност на 30-те најдобри фудбалски клубови денес надминува 72 милијарди долари, што е во просек 2,4 милијарди по клуб.
Подготвено од М.Д.