
10.06.2025 Скопје
Избирачките места се затворија во 15 часот, а за референдумот да биде успешен беше потребна излезност од 50 проценти плус еден гласач.
Референдумот во Италија траеше два дена, а излезноста синоќа во 23 часот беше околу 22 проценти. Четири од референдумските прашања се однесуваа на отпуштања во големи и мали компании врз основа на договори на одредено време, а целта беше подобрување на условите за работа.
Петтото прашање се однесувало на намалување на минималното време потребно за странците да добијат италијанско државјанство од сегашните 10 години непрекинат законски престој на пет години.
Подготвено од М.Д.