60b6251e85600a1efb7ccbd9

27.06.2025 Скопје

Патнички воз што тргна од Пјонгјанг пристигна во Москва, со што се одбележува повторното отворање на најдолгата директна железничка линија во светот помеѓу главните градови на Северна Кореја и Русија по петгодишна суспензија поради пандемијата КОВИД-19.

Возот тргнал од Пјонгјанг на 17 јуни и му биле потребни осум дена за да пристигне на станицата Јарославска во Москва.

Железничката линија помеѓу двата главни града е суспендирана од февруари 2020 година.

Рутата Пјонгјанг-Москва, долга над 10.000 километри, е позната како најдолгата директна железничка линија во светот.

Возовите ќе сообраќаат двапати месечно, а билетите ќе бидат пуштени во продажба околу 60 дена пред поаѓањето, соопшти агенцијата.

Подготвено од М.Д.

About Author