
13.06.2025 Скопје
Поскапува храната во Европа. Цените на земјоделските производи во Европската Унија(ЕУ) се зголемија за 2,6 проценти во првиот квартал од оваа година, а најмногу поскапеа млекото, јајцата и житарките, објави Евростат. Цената на маслиновото масло се намали за повеќе од 40 проценти.
Од главните земјоделски производи, цените на млекото се зголемиле за 12,6 проценти, јајцата (10,7 проценти) и житарките (9,6 проценти), во споредба со првиот квартал од 2024 година.
Зголемувањето на цените на земјоделските производи е забележано во 23 земји-членки на ЕУ. Највисок раст на цените има во Ирска (19,3 проценти), Луксембург (15,6 проценти) и Унгарија (14,6 проценти).
Цените се намалиле само во Шпанија, за 9,7 проценти, Грција (7,1 процент), Португалија (2,8 проценти) и Малта (два проценти).
Подготвено од М.Д.