netanjahu premier na izrael

30.06.2025 Скопје

Израелскиот суд денеска го прифати барањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги одложи рочиштата од процесот против него по обвиненија за корупција, закажани за следната недела.

Нетанјаху го аргументира своето барање со причини поврзани со неговите дипломатски активности и безбедноста. Неговите мотиви се класифицирани.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше израелските обвинители поради процесот против Нетанјаху. Нејасно е до кој степен објавата на Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ влијаела на одлуката на Окружниот суд во Ерусалим.

Нетанјаху ги отфрла обвиненијата против него за корупција, измама и злоупотреба на доверба како политички мотивиран „лов на вештерки“ од страна на левицата.

Тој требаше утре да се појави пред судот на вкрстено испрашување.

Подготвено од М.Д.

About Author