6653_tomas-vais-profimedia-0789062983_og

04.06.2025 Скопје

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни.

„Европскиот парламент повикува на брз прогрес во преговорите за пристапување, истовремено нагласувајќи ја важноста на усвојувањето на неспроведените уставни амандмани; ги охрабрува сите политички партии во Република Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус за овие амандмани, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало нејзиниот напредок кон членство во ЕУ”, се нагласува во Предлог-извештајот на Вајц.

Претходно, претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази очекување за поддршка на предлозите кои “ги гарантираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик”, бидејќи во спротивно тоа “ќе зборува многу лошо за демократскиот капацитет на Европскиот парламент”.

Подготвено од М.Д.

About Author