
13.06.2025 Скопје
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за досегашната постапка и донесената јавнообвинителска одлука за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој се случи на 16. март.
Инаку, доцна синоќа уште 13 полициски службеници и началници беа приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Ноќеска пак, под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, се спроведе акција за апсење нови осомничени во случајот „Пулс“, соопштија од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Уште 13 полициски службеници и началници се приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, и тоа Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).
Од Обвинителството најавија дека соопштение ќе има во текот на утрешниот ден.
Подготвено од М.Д.