kosovo i srbija

03.06.2025 Скопје

Во Брисел денеска се одржува нова рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина, кој се води под посредништво на Европската Унија. Разговорите се на ниво на главни преговарачи, информира портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Ануар ел Ануни.

„Би се воздржал од навлегување во какви било информации или предвидувања за тоа до што би можеле да доведат овие разговори,“ изјави Ел Ануни, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата на ЕУ од новата рунда, особено во услови кога на Косово сè уште не е формирана нова влада што би можела да се зафати со евентуално спроведување на договор.

Овој дијалог, кој трае повеќе од една деценија, се смета за клучен за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и за нивниот напредок кон евроинтеграции.

Подготвено од М.Д.

About Author