-vakcina-

19.06.2025 Скопје

Американската администрација за храна и лекови ја одобри новата вакцина ленакапавир, која се администрира поткожно во две дози на секои шест месеци и обезбедува заштита од ХИВ-инфекција. Со ова, на пазарот се појавува прв медикамент што нуди долготрајна превенција во споредба со досегашните дневни таблети или инјекции што се даваа на секои два месеци.

Истражувањата покажаа скоро целосно спречување на нови инфекции кај лица кои се сметаат за високо ризични, а особено меѓу младите жени и лицата од ЛГБТК+ заедницата. Иако оваа вакцина не штити од други сексуално преносливи болести, може значително да придонесе за намалување на ширењето на ХИВ.

Меѓутоа, достапноста на оваа инјекција може да биде доведена во прашање поради ограничување на буџетите за здравствени програми и намалената меѓународна поддршка. За оние лица кои имаат потешкотии со секојдневна терапија, вакцината претставува лесна и долготрајна алтернатива за заштита од ХИВ.

Подготвено од М.Д.

About Author