donald-tramp-si-djinping-1200x630

03.06.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно неделава ќе има телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Ливит не даде дополнителни детали и немаше непосредна потврда од Пекинг.

Доколку разговорот се одржи, се очекува лидерите да се фокусираат на актуелниот трговски спор меѓу двете земји. Иако САД и Кина се согласија кон средината на мај да ги ублажат дел од нивните царини, тензиите меѓу двете економски суперсили неодамна повторно се разгореа.

Во меѓувреме, американскиот Сенат работи на нови санкции против Русија. Републиканскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека мерките ќе бидат насочени кон земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта, гас и други енергетски резерви – потег што би можел силно да влијае на Кина, пренесува германска агенција.

Подготвено од М.Д.

About Author