15404711-06-2025mickoskisosportistimia

12.06.2025 Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски на свечена церемонија во Владата на РС Македонија, им доделија Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во екипни спортови.

Со национално спортско признание за врвни достигнувања во спортот се стекнаа:

– фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски

– кошарка: Петар Наумоски, Перо Антиќ

– ракомет: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска, Клара Боева.

Во своето обраќање до добитниците на признанието, Мицкоски порача дека е исправена една неправда и дека спортистите-амбасадори ја добиваат заслужената почит за тоа што со години наназад ја претставуваа РС Македонија ширум светот.

Доделувањето на национални признанија за врвни достигнувања во спортот е повеќе од формалност.

Ова е чин на длабока, искрена и заслужена почит. Признавање на животен подвиг. На луѓе кои не барале ништо, а дадоа сè. Луѓе што ги претворија соништата во резултати, а резултатите во национална гордост. Со оваа одлука, државата воспоставува нов принцип-дека врвниот спортски успех мора да се вреднува не само во моменти на еуфорија, туку и во текот на целиот живот. Токму затоа овие признанија се доживотни. Тоа е конкретен израз на почит и благодарност, а не симболика, рече премиерот Мицкоски.

Подготвено од М.Д.

About Author