BIZNIS

27.06.2025 Скопје

Младите од државата се охрабруваат да започнат бизнис но само ако е со помош на државни субвенции.

Во Охрид за меркатa поддршка за самовработување на невработени лица аплицирале 130 млади луѓе, а на ниво на државава има рекорден број апликации, односно над 6000 млади кои сакаат да отворат сопствен бизнис.

Оперативниот план за вработување за 2025 год изнесува 2,5 милјарди денари односно 40 милиони евра, или 7,5 милиони евра повеќе од минатата година.Лицата кои ќе бидат избрани за отворање на бизнис ќе може да користат до 10 илјади евра, а оние над 29 години до 7 илјади евра, а имаат можност и за здружување на две лица во Друштво со ограничена одговорност, каде би имале можност да користат 20 илјади евра до 29 години, и 14 илјади евра над 29 години.

Во моментов од оперативниот план за вработување активен е и јавниот повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, со која на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, а рокот за аплицирање е до 4-ти јули.

Подготвено од М.Д.

About Author