EKONOMIJA

03.06.2025 Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски, на настан по повод 80 години од постоењето на Државниот завод за статистика, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата за економскиот раст во споредба со останатите земји од Европа, изјави дека очекува РС Македонија да биде меѓу првите пет до шест економии на континентот според растот на БДП.

„Па јас тоа го кажувам изминатиов период и очекувам конечно и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет-шест, би рекол, економии во Европа, во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ на раст.

Да речеме би се задржал на онаа бројка што од порано ја имам комуницирано, помеѓу три-четири проценти, но да видиме деновиве, претпоставувам ќе се објави и таа бројка“, изјави Мицкоски.

Подготвено од М.Д.

About Author