
07.06.2025 Скопје
Пред два дена, Илон Маск ги праша своите следбеници на X дали на САД му е потребна нова политичка партија. Причината за таквото соопштение е, секако, жестоката расправија што избувна меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп.
„Дали е време да се основа нова политичка партија во САД што би претставувала 80 проценти од луѓето“, праша Маск пред два дена.
Синоќа, Маск посочи дека ова може да се случи.
„Народот го кажа своето. На Америка ѝ е потребна нова политичка партија што ќе претставува 80 проценти од луѓето. И точно 80 проценти од луѓето се согласуваат дека е потребна нова партија. Ова е судбина“, напиша Маск.
Потоа го откри името.
„Американска партија“, напиша тој во следниот пост.
Секако, повеќе нема дополнителни информации за потенцијалното основање на партијата. Самиот Маск никогаш претходно не ја споменал оваа опција.
Подготвено од М.Д.