fudbalska-reprezentacija-1-1170x780

12.06.2025 Скопје

Фудбалската репрезентација на РС Македонија бележи значаен напредок на најновата ранг-листа на ФИФА, каде заедно со Курасао, Судан и Индонезија е меѓу селекциите со најголем скок.

По убедливата победа против Казахстан и ремито со Белгија, „црвено-жолтите“ напредуваа за четири позиции и во моментов се наоѓаат на 63. место со освоени 1.390,79 поени.

Овој напредок од 15 поени на табелата ја потврдува позитивната форма на избраниците на селекторот. Зад РС Македонија на листата се наоѓаат селекции како Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и други регионални ривали.

Подготвено од М.Д.

About Author