
10.06.2025 Скопје
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со одличната форма, совладувајќи ја селекцијата на Казахстан со 1-0 во Астана. Со оваа победа, избраниците на селекторот Благоја Милевски ја заокружија најдолгата серија без пораз во историјата на националниот тим – десет натпревари во низа и точно една година без неуспех.
Последниот пораз РС Македонија го запиша на 10 јуни 2024 година во пријателски натпревар против Чешка.
Низа на Македонија без пораз:
07.09.2024 – Фарски Острови – РС Македонија 1-1
10.09.2024 – РС Македонија – Ерменија 2-0
10.10.2024 – Летонија – РС Македонија 0-3
13.10.2024 – Ерменија – РС Македонија 0-2
14.11.2024 – РС Македонија – Летонија 1-0
17.11.2024 – РС Македонија – Фарски Острови 1-0
22.03.2025 – Лихтенштајн – РС Македонија 0-3
25.03.2025 – РС Македонија – Велс 1-1
06.06.2025 – РС Македонија – Белгија 1-1
09.06.2025 – Казахстан – РС Македонија 0-1
Следниот натпревар нашата селекција ќе го одигра во септември, кога во Скопје ќе го пречека тимот на Лихтенштајн.
Подготвено од М.Д.