1df6d7e1c0d9430b6d3ff098c3c3b7f8

16.06.2025 Скопје

„Додека владата на Христијан Мицковски е на позиција во Република Северна Македонија, Бугарија треба јасно да изјави дека во случај на уште еден антибугарски настан, ќе стави вето додека оваа влада управува со нивната земја“, изјави поранешниот бугарски министер и член на крајнодесничарската бугарска партија, ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, кој присуствуваше на протестот пред македонската амбасада во Софија. Протестот е по повод пресудата изречена пред неколку дена во Битолa против Љупчо Ѓоргиевски кој беше претседател на здружението „Иван Михајлов“ кое повеќе не постои.

Според него, крајно време е бугарската држава покатегорично да влезе во својата улога, рекол Каракачанов, додавајќи дека бугарскиот премиер и бугарскиот министер за надворешни работи не можат да продолжат да молчат и да излегуваат со општи формулации.

Сите оние кои водат антибугарска политика се полномошници на Белград. На сите обвинители, судии и други кои учествуваат во оваа антибугарска кампања мора да им биде одземено државјанството. Сите оние кои плукаат по Бугарија, но ја искористуваат нашата земја како европска земја, треба да бидат санкционирани, нивните компании треба да бидат проверени, бидејќи политичарите во Скопјe го разбираат само ова, тие не го разбираат јазикот на добрата волја и добрите намери, додал контроверзниот бугарски политичар. Според него, „кога денешните власти во Скопјe гледаат дека Бугарија се однесува дипломатски, се охрабруваат и го сметаат тоа за слабост – рекол Каракачанов.

Подготвено од М.Д.

About Author