MARK KARNI

30.06.2025 Скопје

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека трговските разговори со САД се обновени откако Канада се откажа од својот план за оданочување на американските технолошки компании, јавија американските медиуми.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во петокот изјави дека ги откажува трговските разговори со Канада поради нејзините планови за оданочување на технолошките компании, додавајќи дека тоа претставува „директен и очигледен напад врз нашата земја“.

Кабинетот на Карни соопшти дека Трамп се согласил да ги продолжи разговорите.

Данокот на дигитални услуги требаше да стапи на сила денеска, погодувајќи компании како Амазон, Гугл, Мета и Ербиенби со данок од три отсто на приходите од канадските корисници. Тој ќе се применуваше ретроактивно, што ќе резултираше со сметка од две милијарди долари за американските компании на крајот на месецот.

Подготвено од М.Д.

About Author