EU JAPONIJA

09.06.2025 Скопје

Јапонија и Европската Унија преговараат за постигнување рамковен „сојуз“ со цел зајакнување на конкурентноста на нивните компании преку промовирање на трговската и економската соработка, потврдија дипломатски извори.

Јапонски дипломатски извори изјавија дека се очекува создавањето на „Алијансата за конкурентност Јапонија-ЕУ“ да биде објавено на редовниот самит во јули, кога јапонскиот премиер Шигеру Ишиба веројатно ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Овој потег дополнително ќе ги усогласи напорите на двете страни за одржување на економски поредок базиран на правила, градејќи соработка преку договор за слободна трговија што ги отстранува царините и другите трговски бариери меѓу двете економии, кои сочинуваат 20 проценти од светскиот бруто домашен производ.

Подготвено од М.Д.

About Author