molecular_gastronomy

18.06.2025 Скопје

Нова студија ги откри највозбудливите светски дестинации за гурманите, а резултатите се објавени на веб-страницата на Time Out.

Бројот на врвни ресторани, бројот на ресторани во Мишелин водичот, кулинарските атракции, традиционалните јадења и индекси како што е Глобалниот индекс за безбедност на храната и просечната цена на оброк за двајца – сето тоа се фактори што беа земени предвид во оваа нова студија.

Оваа листа е базирана на сеопфатна анализа од јапонскиот провајдер на билети за воз JR Pass, а според нивната анализа, круната на најдобра гастрономска дестинација ја има Париз, со најмногу ресторани во Мишелин водичот и релативно прифатлива просечна цена на вечера за двајца – околу 68 евра.

Атина се најде на второто место, веднаш по неа следува Токио, додека Цирих и Амстердам го зазедоа четвртото и петтото место. Еден од градовите од некогашна Југославија, Љубљана, исто така, се најде меѓу првите 10.

Еве ја целосната листа на 15-те најдобри престолнини на храна во светот, според истражувањето на JR Pass:

1. Париз
2. Атина
3. Токио
4. Цирих
5. Амстердам
6. Прага
7. Брисел
8. Даблин
9. Мадрид
10. Љубљана
11. Лондон
12. Сеул
13. Копенхаген
14. Рејкјавик
15. Рига

Подготвено од М.Д.

About Author