
17.06.2025 Скопје
Цената на нафтата вчера го забележа најголемиот раст за еден ден од 2022 година, поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран.
Цените на нафтата пораснаа во петокот откако Израел ги нападна нуклеарните и воените објекти на Иран, потресувајќи ги глобалните пазари и поттикнувајќи стравувања од поширок конфликт во регионот.
Американската сурова нафта и суровата нафта брент, која е глобалниот референтен индикатор, забележа најголем еднодневен раст од март 2022 година во неделите по руската инвазија на Украина.
Цената на американската нафта се зголеми за 7,26 проценти и се стабилизираше на приближно 72,98 долари за барел во петокот. Нафтата брент поскапе за 7% и се продаваше за 74,23 долари за барел.
„За пазарите, фокусот сега е насочен кон тоа како ситуацијата би можела да ескалира“, рече денес Џим Рид, истражувачки стратег во Дојче банк.
„Главниот канал преку кој оваа ескалација би можела да влијае на глобалната економија би биле повисоките цени на нафтата“, велат аналитичарите на Капитал економист, а зголемувањето на глобалните цени на нафтата, исто така, би можело повторно да ја разгори инфлацијата.
Подготвено од М.Д.