
07.06.2025 Скопје
Германија ќе продолжи уште долго да зависи од Соединетите Американски Држави, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, само неколку часа по враќањето од првата официјална посета на Вашингтон, каде што разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Без разлика дали ни се допаѓа или не, ќе бидеме зависни од САД долго време“, рече Мерц.
Мерц, по посетата на Вашингтон, исто така изјави дека многу американски законодавци не ги гледаат размерите на руското вооружување.
Подготвено од М.Д.