znaminja-germanija-sad

19.06.2025 Скопје

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува договор во царинскиот спор со Соединетите Американски Држави да биде постигнат пред крајот на летото.

„Се приближуваме до договорот со мали чекори“, нагласи Мерц на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Канада.

Тој претпостави дека овој договор ќе биде можен пред летната пауза.

„Очекувам тогаш дека ќе можеме да постигнеме договор сличен на оној што го склучија Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство“, рече Мерц.

Британскиот премиер Кир Стармер и американскиот претседател Доналд Трамп денес потпишаа трговски договор меѓу двете земји, кој првенствено се однесува на тарифите поврзани со авиоиндустријата и автомобилскиот сектор.

Двајцата лидери го презентираа договорот меѓу Велика Британија и Соединетите Американски Држави на самитот на Г7 во Кананаскис, Алберта, Канада.

Мерц разговараше со Трамп кон средината на мај, кога тој истакна дека барем на краток рок може да се преземат чекори кон намалување на постојните тарифи, а на долг рок и во врска со потенцијален трговски договор.

Потоа тој нагласи дека ЕУ и САД треба да имаат меѓусебен договор „нула за нула“, што Европската комисија го предложи и за индустриските стоки, а кој е во спротивност со новиот трговски договор на Трамп со Велика Британија, кој одржува тарифи од 10 проценти за повеќето британски стоки.

Подготвено од М.Д.

About Author