20.06.2025 Скопје
Франција планира заедно со европските партнери да предложи договорено решение за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел, соопшти претседателството на земјата, откако претседателот Емануел Макрон претседаваше со состанок на Советот за национална безбедност.
Макрон на состанокот му наложи на министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро во наредните денови да изготви „иницијатива со блиски европски партнери што би предложила договорено решение за прекин на конфликтот“, се вели во соопштението на претседателството, без да даде детали за природата на планот.
Подготвено од М.Д.