
17.06.2025 Скопје
Високи дипломати од Велика Британија, Франција и Германија го повикаа Иран брзо да се врати на преговарачката маса за неговата нуклеарна програма, изјави француски дипломатски извор, додека се разгорува конфликтот меѓу Израел и Исламската Република.
Министрите за надворешни работи на земјите разговараа доцна синоќа со највисоката дипломатка на ЕУ, Каја Калас, и „го повикаа Иран да се врати, што е можно поскоро и без предуслови, на преговарачката маса“ за неговата нуклеарна програма, изјави изворот под услов на анонимност, пренесоа француските медиуми.
Подготвено од М.Д.