
05.06.2025 Скопје
Амбасадорот на Европската унија во земјава Михалос Рокас, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Светскиот ден на животната средина ќе го одбележат со започнување на работи финансирани од ЕУ во висина од 7 милиони евра, за мрежи за собирање отпадни води и постројки за нивен третман во селата во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница.
Претпладнево на прес – конференција во Претор, амбасадорот Рокас, постојаниот претставник на УНДП во земјава Григоријан и градоначалникот Тозиевски ќе информираат за проектните активности во функција на современо решение за отпадни води во Преспа.
Подготвено од М.Д.