https://www.flickr.com/photos/pittpanthersfan/49801186563

04.06.2025 Скопје

Белгиската полиција вчера ја евакуираше зградата на Европската комисија во Брисел и ја затвори главната улица во Европскиот кварт, откако во областа беше откриен сомнителен пакет.

Сообраќајот беше запрен на прометната улица Ру де ла Лои, главна сообраќајница што поминува низ Европскиот кварт на градот во близина на седиштето на Европската комисија, зградата Берлејмон.

„Интервенција на полицијата. Сомнителен предмет пред „Лои 65“. Држете се подалеку од прозорците. Избегнувајте ја областа“, се вели во пораката што Европската комисија, ја испратила до вработените.

Улицата беше блокирана од полиција и противпожарни возила, а беше евакуирана и блиската деловна зграда на „Коперник“.

Подготвено од М.Д.

About Author